Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не решил дали ќе го потпише договорот што го постигнаа демократите и републиканците во Конгресот за изградба на ограда на дел од границата меѓу САД и Мексико, компромис чија цел е да биде избегната нова блокада на федералната администрација.
– Бараме нагазни мини во договорот, но сè уште не го разгледавме целиот, изјави Трамп, сепак додавајќи дека е задоволен од договрената сума од 23 милијарди долари за безбедност на границата, што е за осум отсто повеќе од планираната од страна на Администрацијата.
Трамп повтори и дека не би сакал да дојде до нова блокада на федералната влада.
Со претходниот договор постигант минатиот медец меѓу демократите и републиканците во Конгерсот, беше овозможен прекин на рекордната 35-дневна блокада на администрацијата за период од три недели, чиј рок истекува утре на полноќ, по што ако Трамп не го поддржи постигнатиот компромис, ќе уследи ново делумно затворање на сојузните институции.
Во меѓу портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека сè уште не може дефинитивно да каже дали претседателот Трамп ќе го потпише договорот, но нагласи дека „во предлогот има позитивни делови“.
Со новиот договор, постигнат во понеделникот, се предвидуваат 1,375 милијарди долари за изградба на ограда на американско-мексиканската граница во должина од 88 километри. Договорената сума е значително помала од 5,7-те милијарди долари, што ги бараше Трамп за изградба на ѕид на границата.
Трамп во вторникот изјави дека не е задоволен од договорот, но дека не би сакал да дојде до нова делумна блокада на администрацијата.
– Не можам да кажам дека сум среќен. Не можам да кажам дека сум воодушевен, изјави тогаш Трамп.
Тој сепак, нагласи дека „не мисли“ оти ќе дојде до нова блокада на админстрацијата.
– Не гледам дека ќе видите затворање. Не сакаме да видиме затворање, додаде Трамп.
Во вторникот вечерта Трамп објави твит со кој им се заблагодари „на сите републиканци на завршената работа со радикалната левица по прашањето на граничната безбедност“.
Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер побара од Трамп да го потпише постигнатиот договор. – Со овој договор никој не го доби се она што го сака. Но, претседателот мора да го поптише за да не предизвика нова блокада, нагласи Шумер.
Но, републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој важи за силен поддржувач на Трамп, изјави дека не гледа зошто претседателот би го поддржал компромисот, бидејќи со тоа би се „ускратиле илјадници кревети“ во притоворските центри за мигрантите. – Не сметам дека ова е добар договор, додаде Греам.
Конзервативниот телевизиски коментарот Шон Хенити постигнатиот компромис го нараче „трул договор“, додека републиканксиот сенатор Марк Медоуз оцени дека тој „не претставува сериозен обид за обезбедување на границата или за запирање на илегалната миграција“.
Извори во Белата куќа соопштија дека Трамп би можел да го потпише постигнатиот компромисен договор, по што би се обидел да најде други владини извори за финансирање на изградбата на ѕидот на границата, без одобрение од Конгресот.
И самиот Трамп потенцира дека не се откажува од изградбата на ѕидот, додавајќи дека се обидува да обезбеди средства за „проширување на изградбата на ѕидот без одобрение од Конгресот“.
Како една од можните варијанти е Трамп да прогласи вонредна состојба, со што би имал одврзани раце во одделувањето средства за изградба на ѕидот.
Но, демократите уште претходно најавија дека ако Трамп се реши на ваков чекор, тие ќе иницираат судски процес, а не ја исклучија ниту можноста за покренување постапка за импичмент.
До делуманта блокадата на американската федерална администрација дојде во декември минатата година, откако Трамп и демократите во Конгресот не успеаја да се договорат за Буџетот за 2019 година.
Трамп бараше во Буџетот да се предвидат 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата кон Мексико, што беше едно од неговите главни ветување во текот на изборната кампања во 2016 година.
Но, демократите го обија ваквото барање, оценуваји го како „расипничко и неефикасно“, нагласувајќи дека би се согласиле само на обезбедување средстав за зајакнување на безбедносните мерки на границата, но не и за изградба на ѕид.