Американскиот претседател, Доналд Трамп, распоредува тенкови, бомбардери и друга воена машинерија за прославата на Денот на независноста – 4 јули.
Парадата што Трамп ја нарече „Поздрав до Америка“ ќе чини околу 2,5 милиони долари, јавуваат американските медиуми.
-Трошокот ќе биде многу помал во споредба со тоа колку вреди.Имаме авиони, имаме пилоти, аеродромот е близу, само гориво ни е потребно. Имаме тенкови и сè. Огнометот е подарок. Прекрасно- напиша Трамп на „Твитер“ за парадата.
Пентагон ќе организира прелети на Б-2 стелт бомбардери и други воени авиони над паркот во кој се собираат жителите на Вашингтон за 4 јули.