Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина пред пристигнување на бурата Исајас, со цел да биде овозможен пристап до федералните фондови за да се координираат напорите за помош на градовите и населбите.
Метеоролозите предупредуваат на закани од поројни дождови и силни ветрови, додека тропската бура Исајас се пробива кон источниот брег на САД, со очекување дека може да стигне до копното вечерва, некаде долж границата меѓу Северна и Јужна Каролина.
Националниот центар за урагани соопшти дека Исајас треба да остане подалеку од брегот додека минува покрај Флорида преку ноќ и Џорџија во текот на денот.