Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека лично тој е заслужен за силата на НАТО, организација која досега честопати ја критикуваше.
Организацијата на Северноатлантскиот договор подобро се финансира „само поради мене”, напиша Трамп на Твитер.
„Имав одличен состанок со НАТО. НАТО беше слаб, сега е повторно силен (лошо за Русија). Медиумите само говорат дека сум бил непристоен кон лидерите, никогаш не ги спомнуваат парите!”, напиша Трамп.
Претходно денеска, во интервју за Фокс Њуз, Трамп повторно ги повика членките на НАТО да почнат да ги покриваат трошоците за функционирањето на воената алијанса.
I had a great meeting with NATO. They have paid $33 Billion more and will pay hundreds of Billions of Dollars more in the future, only because of me. NATO was weak, but now it is strong again (bad for Russia). The media only says I was rude to leaders, never mentions the money!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 17, 2018
– Ние плаќаме 91 процент од трошоците за чување на Европа. НАТО е одлична институција, но и помага на Европа многу повеќе отколку што ни помага на нас, изјави Трамп, додавајќи дека обезбедил воени расходи од другите членки на НАТО во износ од 41 милијарда долари, со можност таа бројка да се искачи на 100 милијарди.