Американскиот претседател Доналд Трамп е победник кај републиканците на партиските избори во Ајова 2020 година, што беше симболично гласање бидејќи Трамп не се соочи со важната опозиција.
– Голема победа за нас во Ајова, ви благодарам – напиша Трамп на Твитер.
Во меѓувреме, првите избори кај демократите ги одбележа хаотичен старт, пренесуваат американските медиуми. Резултатите доцнат со часови зошто партиските претставници проверуваат недоследности на првичното прегласување.
Демократската партија почна вчера со повеќемесечни внатрепартиски избори на кои ќе биде избран нејзин претседателски кандидат, кој ќе му се спротивстави на Трамп.
Во трка останаа вкупно 11 претенденти за претседателска номинација – Мајкл Бенет, Џо Бајден, Мајкл Блумберг, Пит Бутиџиџ, Тулси Габард, Ејми Клобучер, Девал Патрик, БЕрни Сандерс, Том Стејер, Елизабет Ворен и Ендру Јанг.