Американскиот претседател Доналд Трамп апелираше за брзо извршување на смртната казна, без, како што рече тој, непотребното едногодишно одлагање, пренесоа американските медиуми.
Тој апелираше за извршување на смртната казна за луѓето одговорни за масовните вооружени напади во САД, откако земјата се соочи со вакви напади во две сојузни држави каде загинаа 29 луѓе.
– Му наредувам на Министерството за правда да предложи закон со кој се гарантира дека оние кои ќе извршат злосторство од омраза и масовни убиства да се соочат со смртна казна, како и таа смртна казна да се спроведува брзо, одлучно и без едногодишно одлагање – рече Трамп.
Во обраќањето од Белата куќа, Трамп го осуди разимот, омразата и луѓето кои се борат за надмоќност на белата раса.
Напаѓачот во Ел Пасo со огнено оружје застрела 20 луѓе во еден супермаркет во Тексас, во близина на границата на САД и Мексико, а меѓу жртвите имаше и шест Мексиканци.
Неколку часа по нападот во сојузната држава Тексас, се случи уште еден во Дејтон, Охајо, каде 24-годишен напаѓач уби девет луѓе.