САД изведоа хакерски напад врз иранскиот вооружен систем во четвртокот, откако претседателот Трамп ја повлече одлуката за воздушен напад врз земјата како одговор на соборувањето на американскиот воен дрон, пренесоа американските медиуми.
Трамп одобрил одбранбен хакерски напад кој ги онеспособил иранските компјутерски системи за контрола на лансирањето на ракети и проектили, пишува „Вашингтон пост“.
Нема потврда дали е нанесена штета на иранските системи.
Неколку официјални извори навеле дека нападот бил планиран неколку недели, со цел да се одговори на нападот на нафтените танкери во Оманскиот Залив.
Белата Куќа одби да коментира за настанот. Со коментар не се огласија ниту претставници на американската кибер команда.
-Според протокол и поради безбедност, не ги коментираме кибер-операциите и нивното планирање – изјави Елиса Смит, портпатол на Пентагон.