Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите коментираше за актуелната ситуација со коронавирусот, при што рече дека ни најмалку не е загрижен.
Минатата недела, Трамп беше на годишна конференција на Конзервативната политичка акција, по што подоцна било утврдено дека еден учесник на конференцијата е позитивен на коронавирусот.
Новинарите го прашале Трамп дали коронавирусот ќе ја спречи неговата политичка активност и дали ќе бидат преземени какви било превентивни мерки во Белата куќа.
– Работиме прекрасно. Направивме одлична работа. Чудесно соработуваме со другите земји во светот – рекол Трамп.
Потоа, тој ја отфрлил загриженоста поради вирусот, кој се шири во светот.
– Не, не сум загрижен ни најмалку. Работиме одлична работа околу тоа – заклучил Трамп.
Вкупниот број на заразени со коронавирусот надмина 110.000. Починаа над 3.800 луѓе, а се опоравија повеќе од 62.000.