Претседателот Доналд Трамп вети дека нема да прави никакви отстапки кон Турција, за да издејствува ослободување на уапсениот од неа американски свештеник и изјави дека не го интересира дали наметнати од него казнени царини ќе донесат негативни ефекти врз европската економија.
Американскиот претседател сметал дека имал договор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кога го убедил Израел да го ослободи уапсениот турски државјанин и мислел оти потоа Ердоган ќе ослободи свештеникот Ендрју Брансон.
– Мислам дека она што го прави Турција е многу тажно. Мислам дека прават ужасна грешка. Нема да има отстапки, рече Трамп.
Тој наложи царини на увозот на турски челик и алуминиум, по одбивањето на Ердоган да го ослободи Брансон што предизвика загриженост дека тоа негативно ќе се одрази на европската економија.
-Воопшто не ме интересира. Токму тоа треба да се направи, возврати Трамп на прашање може ли да има потенцијални штети за други економии.