Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека на 18 јуни официјално ќе ја објави кандидатурата за втор мандат во Белата куќа.
– Ќе објавам дека влегувам во претседателската трка за втор мандат, во присуство на првата дама Меланија, потпретседателот Мајк Пенс и втората дама Карен Пенс, на 18 јуни во Орландо, на Флорида, во „Амвеј центарот” кој има 20.000 места – напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер и ги повика поддржувачите да дојдат на, како што рече, историскиот митинг.
Тој достави и линк до неговата официјална веб-страница каде што можат да се купат билети за овој настан.