Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати федерални агенти во повеќе американски градови за да помогнат во спречување на криминалот. Трамп во соопштение до јавноста објави дека ќе испрати агенти во Албакерки, Њу Мексико и во Чикаго, Илиноис. Многу градови, вклучувајќи ги Њујорк, Чикаго, Филаделфија и Милвоки доживеаја голем пораст на криминалот, вклучувајќи и насилства со оружје, по почетокот на протестите на национално ниво за смртта на невооружениот Афроамериканец во Минесота.
Во меѓувреме братот на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд побара од ОН истрага за полициското насилство во САД.
Од друга страна, деновиве демонстрантите бараат поголема одговорност на полицијата, додека некои повикаа на намалување на буџетите на локалното спроведување на законот или укинување на полициските оддели во нивната сегашна форма.