Претседателот на САД, Доналд Трамп разговарал телефонски со британскиот премиер, Борис Џонсон, наведе во соопштение портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли.
Двајцата функционери разговарале за трговијата, наредната генерација „5Г“ на мобилните мрежи и глобалната безбедност, пренесе „Ројтерс“.
Трамп му кажал на Џонсон за време на разговорот дека се радува на состанокот што треба да го одржат двајцата на економскиот самит „Г7“ во Франција на крајот од месецов, наведе Белата куќа.