Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го обвини Иран дека тајно збогатува ураниум веќе подолго време и му се закани на Техеран со поостри санкции, објави агенцијата „Ројтерс“.
-Иран веќе долго време збогатува (ураниум), што е апсолутно прекршување на ужасниот договор вреден 150 милијарди долари, што го направија Џон Кери и администрацијата на Обама. Потсетување, тој договор би требало да истече за неколку години. Санкциите наскоро ќе бидат засилени и тоа значајно- напиша Трамп на „Твитер“.
Iran has long been secretly “enriching,” in total violation of the terrible 150 Billion Dollar deal made by John Kerry and the Obama Administration. Remember, that deal was to expire in a short number of years. Sanctions will soon be increased, substantially!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) 10 July 2019
Откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор и воведоа нови санкции за Техеран, Иран одлучи да го зголеми збогатувањето на ураниум во однос на границата утврдена со договорот.
Иранските власти ја повикаа ЕУ да најде начини да ги ублажи американските санкции и да ја испорача ветената економска помош и порачаа дека тоа е последна шанса за спасување на договорот од 2015 година, која истекува за 60 дена.