Администрацијата на Трамп ги финализира плановите за нафтените произведувачи да добијат пристап до дел од Националниот арктички резерват кој долги години беше заштитен, пренесува „Гардијан“.
Бирото за управување со земјиште ќе понуди закуп на крајбрежната рамнина каде што живеат загрозените поларни мечки и се парат ендемичен вид елени. Активностите за вадење нафта од земјата ќе предизвикаат проблеми за локалните жители што живеат од ловот и риболовот.
Претставничкиот дом со демократско мнозинство донесе закон за заштита на областа, но републиканското мнозинство во Сенатот најверојатно нема да го одобри.
Во резерватот во Алјаска беше забрането вадењето на нафта сѐ до 2017 година кога Конгресот донесе нов закон.
Бирото за управување со земјиште проценува дека со процесот на производство на нафта во регионот, годишните емисии на јаглерод диоксид ќе изнесуваат меѓу 0,7 и пет милиони тони што е еднакво на загадувањето од дополнителен еден милион возила на патиштата.