Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го именува амбасадорот Ричард Гренел за вршител на должноста шеф на сите разузнавачки служби на САД.
– Претседателот Трамп има целосна доверба дека Гренел ќе ја извршува работата на најпрофесионален начин – наведено е на веб страницата на Белата куќа.
Во соопштението се нагласува дека амбасадорот Гренел има големо искуство во работата со службите за безбедност и голем број дополнителни функции, вклучувајќи го и местото специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, како и портпарол на САД во ОН.
– Посветен е на неполитичкиот и непартискиот пристап и како шеф на сите американски разузнавачки агенции, од кои зависи безбедноста на земјата – соопшти Белата куќа.