Тинејџерка од Лондон денеска е прогласена за виновна за планирање на напад врз Британски музеј, што имала намера да го стори бидејќи не успеала да стане „џихад невеста“.
Поротата 18 годишната Сафа Булар ја прогласи за виновна за планирање на дело-тероризам.
Сафа се обидела да појде во Сирија и да се омажи за борец од Исламска држава, но кога нејзиниот обид бил спречен од полицијата, таа почнала да планира самоубиствен напад врз Британскиот музеј.
Слични пресуди претходно заработија и нејзината мајка и постарата сестра.