Украинскиот авион кој се сруши непосредно по полетувањето од аеродромот во Техеран, се запалил додека бил во воздух, потврди прелиминарна истрага.
Извештајот е направен од иранската организација за цивилно воздухопловство, повикувајќи се на изјави на сведоци кои биле на аеродромот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Иранските истражители рекоа дека членовите на екипажот во ниеден момент не побарале помош преку радио врската, пренесува АП.
Според тврдењата авионот се запалил уште пред да се урне, а падот предизвикал голема експлозија бидејќи при ударот во земјата авионот бил полн со гориво.
Во извештајот се наведува дека пронајдени се и двете црни кутии, иако некои делови биле оштетени, а делови од меморијата уништени.
Во несреќата на украинскиот авион загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.