Американскиот магазин „Тајм“ ја прогласи тинејџерска активистка Грета Тунберг (16) за личност на годината.
Младата Швеѓанка се истакна со својата борба за заштита на животната средина и повикувањето на светските лидери да се борат против климатските промени.
Затоа оваа година, магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината.
„Грета Тунберг – моќта на младоста“ пишува на насловната страница на магазинот.