Египетскиот суд денеска ги ослободи двајцата синови на поранешниот соборен претседател, Хосни Мубарак, кои беа обвинети за манипулации на пазарот.
Синовите на Мубарак, богатите бизнисмени Ала и Гамал, беа обвинети дека во локална египетска банка купиле голем број акции, при што, наводно знаеле дека банката ќе ја преземе инвеститор од Персискиот залив, што значотелно би ја зголемило нивната цена.
Кривичниот суд во Каиро во случајот ослободи уште шест лица, а седмиот обвинет почина претходно, пренесе АП.
Агенцијата додава дека се работи за последното во низа судења на членови на семејството Мубарак од Арапската пролет 2011 година, кога тој беше соборен по три децениско владеење.