Минаа речини четири години од појавувањето на ужасните слики на удавеното момче на брегот на Егејското Море, а момчето на фотографијата стана глобален симбол за бробата на сириските мигранти. Сега, тажната судбина на Алан Курди инспирираше филм кој го вознемири неговото семејство
Двегодишниот мигрант Алан Курди и неговото семејство се обидуваа да го преминат Егејското Море и да стигнат во Грција на 2 септември 2015 година, кога нивниот преполн гумен чамец се преврте во близина на турскиот брег. Во оваа мигрантска несреќа загинаа Алан, неговиот 4-годишен брат Галиб и нивната мајка Рехана, пренесува „Франс 24“.
Дотогаш, илјадници деца веќе загинаа на истата опасна мигрантска рута кон Европа, беа убиени во ужасната граѓанска војна во Сирија или се удавија во морињата. Илјадници деца продолжија да ги губат животите во следните години.
Фотографијата од Курди во патики, сини шорцеви и црвена маичка, лежејќи со лицето во песокот на турската плажа беше онаа која го привлече вниманието на јавноста и предизвика силни емоции кај луѓето ширум светот. Фотографијата беше срцепарателна, но не и ужасувачка, невидливиот детски лик и неговата положба на телото сугерираа сон, а не смрт, пишува „Франс24“.
– Не можев да прекинам да мислам на таа фотографија. Беше многу вознемирувачка, многу тажна – изјави турскиот режисер Омер Сарикаја, кој снима филм инспириран од смртта на младото момче. Насловен „Морето на смртта“, филмот предизвика гнев кај роднините на Курди, кои тврдат дека не биле консултирани за екранизацијата на тажната приказна.
Контроверзите околу „Морето на смртта“ или „Алан бебето“ ја актуелизираа долготрајната дебата околу користењето на овој тип на потресни фотографии од страна на медиумите за „продавање“ на приказна.
Како ретко кога, трите фотографии од безживотното тело на детето беа објавувани од медиумите. Новинските куќи ширум светот ја преземаа ужасната фотографија која е дело на турскиот фотограф Нилуфер Демир, само неколку минути по нејзиното објавување, како и приказната зад неа, отворајќи прашања за тоа дали воопшто вакви фотографии треба да се објавуваат.
Мигрантската криза на другата страна на светот, на границата меѓу САД и Мексико, слично како онаа во Европа пред неколку години, ги принуди мигрантите на животозагрозувачки одлуки и незбебедни патешествија. Минатата недела, исто како во случајот со малиот Курди, светските медиуми објавија фотографија од татко и ќерка кои го загубија животот, давејќи се во најдојдената река Рио Гранде, во обидот нелегално да влезат во американската сојузна држава Тексас.
Светската јавност, медиуми и новински куќи, исто така, ја искористија оваа фотографија и приказната за мигрантите од Ел Салвадор за клик и лајк повеќе, без оглед на последиците и реакциите кои ќе ги предизвика.
Во некои случаи, уредниците одлучија да не ги објават фотографиите, се додека не го сменија мислењето кога фотографиите станаа вирални на социјалните мрежи, што ја рефлектира нивната моќ за креирање на новинската агеда.
Приказните и фотографиите за мигрантската голгота и (не)соодветната реакција на јавноста и медиумите го насочуваат вниманието кон оние кои се соочуваат со најголемите предизвици во животот, особено за децата чии родители немаат избор во борбата за подобра иднина.
Судбините на двегодишното момче Алан Курди и неговата мајка и сестра, како и на Оскар Алберто Мартинез Рамирез и неговата 23-месечна ќерка, треба да бидат достапни на јавноста, но не и по цена тие бидат запомнети само по грозоморните фотографии што не ја отсликуваат нивната вистинска борба, туку само нејзиниот тажен и трагичен крај. П.С.
Just spoke with Aylan's aunt. Asking people to stop using drowning photo. Wants world to remember him smiling pic.twitter.com/COa1mAnzvG
— Muhammad Lila (@MuhammadLila) September 4, 2015