На 23 јануари, Националното собрание на Венецуела го избра 35-годишниот Хуан Гуаидо како привремен претседател на државата. Во следните неколку часа, САД и повеќе од 50 земји во светот го признаа Гуаидо, а режимот на претседателот Николас Мадуро го прогласија за нелегитимен. Во тоа време, стуацијата во Венецуела беше таква што се проценуваше дека владата на Мадуро ќе „падне“ за многу краток период. Но, тоа не се случи. Сега, по скоро три месеци, Венецуела е земја која се соочува со сериозни проблеми. Економијата е целосно распадната, има големи недостатоци на храна и лекови и крза во владата и војската. Јужноамериканската земја сега е меѓу двајца политичари кои тврдат дека се претседател на земјата, објавува „Форен аферс“.
Одговорноста за трагедијата во Венецуела целосно може да му се препише на Маудро и неговиот претходник, поранешниот претседател Хуго Чавез. Но, обидот на САД насилно да го промени режимот во земјата дополнително ја влошува состојбата во земјата. Претседателот Доналд Трамп се обиде да му направи притисок на Мадуро преку цврсти изјави, закани и сакнции кои вклучуваат ембарго за нафта и обиди на сила да го внесе хуманитарниот караван преку колумбиско-венецуелската граница. Овие различни стратегии не успеаја да го испровоцираат падот на режимот на Мадуро или значајни дезертирања на високи претставници на армијата и нивно приклучување кон опозицијата. Ниту неколкудневните прекини на снабдување со струја кои се соочи цела Венецуела не го „минираа“ Мадуро.
Стратегијата на Вашингтон која се состои во поддршка на Гуаидо против корумпираната и криминално избрана Влада на Маудро функционира добро во сојузната држава Флорида со кубанската и венецуелската дијаспора, но не и во Венецуела. Идејата на администрацијата на Трамп дека ќе може да изврши доволно притисок на одредени сегменти во Владата (особено во армијата) за да принуди брза и демократска транзиција на земјата е целосно погрешна и со многу недостатоци. За напредок во земјата, САД треба да соработува со меѓународните партнери и да изнајде поумерен пат за напредок, сметаат од „Форен аферс“.
Од јануари, САД работи на тоа да го изолира Мадуро. Вашингтон санкционираше повеќе од 600 соработници и пријатели на Мадуро, превенираше продажба на венецуелска нафта во нивната земја и соработуваше со други влади од Латинска Америка и пошироко за да ја засили меѓународната поддршка за Гуаидо.
Трамп и други политичари од САД неколју пати инсистираа на тоа дека е неопходна воена интервенција во Венецуела, но оваа можност отпадна поради поради тоа што доколку Соединетите држави стапнат на венецуелска почва, ќе ја загубат меѓународната поддршка за Гуаидо.
Иако администрацијата на Трамп доби меѓународна поддршка, стратегијата за „уривање“ на Мадуро преку правење притисок врз режимот и надежта дека ќе има дезертери во армијата не успеа. Високите воени претставници и соработници на Мадуро останаа лојални, во земјата во која има повеќе од 1.000 воени генерали.
Иако планот за притисок и пад на Владата во земјата не успеа, постои некаков напредок во целиот процес. Идејата на САД и Меѓународната група за контакт во која има членови од зејми од Европа и Јужна Америка, е повикување на дијалог меѓу режимот и опозицијата и подготовки за слободни, транспарентни и кредибилни избори. До сега, само неколку од 50-те земји кои го поддржуваат Гуаидо (Канада, Панама и неколку европски земји) го засилија дипломатскиот и економскиот притисок врз Мадуро. Наместо еднострано да бараат промена на режимот, САД треба го посвети меѓународниот притисок врз Мадуро со цел да го принуди да започне процес кој на крајот ќе резултира со фер и слободни избори, пишуваат од престижниот магазин.
Администрацијата на Трамп, според „Форен аферс“, треба да ја промени и повторно да ја размисли стратегијата не само кон Венецуела, туку кон сите земји во Јужна Америка. Во перфектни услови, Куба, Никарагва и Венецуела самостојно ќе транзитираат кон демократија, но посветување на промена на режимот без ставање акцент на други проблеми како што се климатските промени и проблемите кои ги создаваат екстремните десничари во Хондурас и Гватемала, САД ризикува да загуби многу сојузници во јужната хемисфера.
– Политичките промени бараат ангажмани, дури и со политички лидери кои не се отворени на соработка како Мадуро. Коментарите на некои високи политички претставници на САД дека ќе се обидат го направат со Куба и Никарагва она што го направија со Венецуела – да ја изолираат владата во надеж дека народот ќе се побуни -е ризичен. Проблемот со оваа стратегија се состои во тоа што автократите во овие земји сега може да се потпрат на поддршка од Кина, Русија и други. Кина, на пример, и позајми 50 милијарди долари на венецеулската Влада и додека овие пари не значи дека ќе ја „спасат“ економијата на Венецуела, доволни се да ја одржат корумпираната влада на власт – констатираат од „Форен аферс“.
На долгорочен период, стратегијата на САД која се потпира на економски санкции и дипломатска изолација без интервенција и вклучување на оние кои немаат екстремни ставови во овие влади, ризикуваат да ја засилат кризата во земјите, од која потоа тешко се трансформира едно општество во демократско.