Градскиот совет на Стразбур одлучи да забрани пушење во сите јавни паркови и градини, што е првпат во Франција, објавија француските медиуми.
Забраната стапува во сила на 1 јули и беше усвоена едногласно од општинскиот совет, кој сака да се спротистави на растечката употреба на тутун и на последиците врз животната средина, безбедноста и здравјето на луѓето, се вели во соопштението.
Забраната, подготвена во соработка со Лигата против ракот, првично ќе стапи на сила во шесте големи паркот на градот, а подоцна и за сите јавни зелени површини.
По „експерименталната фаза“ во 2018 година, во 2019 година казните ќе бидат 68 евра.
-Еден отпушок може да загади до 500 литри вода за пиење, што станува несоодветна за пиење- предупреди општината.
Во 2017 година бројот на пушачи во Франција е намален „историски” – за еден милион – соопшти Владата благодарение на зголемувањето на цените на цигарите, но и на супститути како електронските цигари.