Наредниот самит на НАТО ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Тој се наоѓа во Лондон каде имаше средба со британската министерка за одбрана Пени Мордаунт.
Столтенберг рече дека самитот во Лондон ќе биде можност за шефовите на државите и владите да се позанимаваат со сегашните и идните безбедносни предизвици со кои се соочува НАТО со цел Алијансата да продолжи да и дава сигурност на својата популација од милијарда луѓе.
Тој додаде дека било решено самитот да биде во Лондон каде што бил првиот штаб на Алијансата, a притоа ќе биде одбележана 70 годишнината од постоењето на НАТО.