Европа е глобален лидер во производството на вакцини, бидејќи најголемиот дел од светското производство, истражување и развојни активности се лоцирани таму. На графиката се истакнати податоци што покажуваат дека Европа во моментов има удел од 76 проценти од светското производство на вакцини, следена единствено од државите во Северна Америка, кои имаат 13 проценти.
Приближно 1,7 милијарда вакцини се произведуваат во Европа секоја година, а индустријата инвестира околу 16 проценти од приходите назад за развој и истражување нови вакцини. За споредба, таа бројка е 8,4 проценти во софтвер и компјутери и 2,6 проценти во хемискиот сектор.
Европа е добро позиционирана да развива вакцини против ковид-19, а претседателот Трамп неодамна се обиде финансиски да ги навлече германските научници од биофармацевтската компанија „Кјур-век“, кои работат на вакцини за коронавирус, за да го снабдат својот производ првенствено за САД. Сепак, главниот сопственик на „Кјур-век“, германскиот милијардер Дитмар Хоп, ги отфрли овие американски предлози.