Ирачката државна телевизија објави дека иранскиот генерал Касем Сулејмани, шеф на Иранската револуционерна гарда и архитект на регионалниот безбедносен апарат, е убиен во бомбашки напад на аеродромот во Багдад, за кој Пентагон потврди дека извршен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Американската Амбасада во Багдад ги повика своите граѓани итно да го напуштат Ирак. Објавата на Амбасадата е по денешниот напад на американски сили врз аеродромот во Багдад во кој загина и иранскиот генерал.
Ирачкиот премиер Адил Абдул Махди го осуди нападот оквалификувајќи го како „агресија“, а иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран и „слободните земји од регионот“ ќе им се одмаздат на САД за смртта на Солејмани.