Сопругата на премиерот на Лесото ќе биде обвинета за убиството на неговата прва сопруга, што се случи во 2017 година.
Месаје Табане (42) се предаде на полицијата за да биде сослушана, а полицијата го испрашуваше и премиерот Томас Табане за убиството, јави Би-би-си.
Неговата прва сопруга Липолело Табане е убиена пред својот дом во главниот град Масер, два дена пред инаугурацијата во 2017 година.
Двојката тогаш била во постапка за развод, пренесува Би-би-си.
За убиството првично бил обвинет неидентификуван вооружен човек, но последните податоци на полицијата покренале сомневања.
Полицијата издала налог за апсење на 10 јануари за Месаје Табане, која претходно исчезнала.
Таа е уапсена на границата со Јужна Африка по договорот меѓу полицијата и нејзините адвокати, пишува Би-би-си.
Таа денес треба да се појави на суд.