Две жени загинаа во силно невреме кое вчера ги погоди западна и централна Швајцарија, како и Франција.
Германска туристка го загуби животот во камп во францускиот град Танинге, кога поради силното невреме, големо дрво се откорнало и паднало над нејзиниот камп, пренесе француско радио.
Во близина на границата со Швајцарија, загина уште една жена, во потоната јахта на Женевското езеро, поради невремето кое предизвика силни дождови, ветер и поплави.
Маж кој бил на истиот брод се обидел да плива кон брегот по помош. Но, спасувачите не успеале да ја спасат жената, само го нашле нејзиното тело на дното од езерото.
Ветрот достигнал брзина од 110 километри на час, пренесе метеоролошката служба „МетеоСвис“. Во туристичкиот град Интерлакен во централна Швајцарија, евакуиран е фестивал на отворено од безбедносни причини.