Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежниот појас во централно Чиле, соопшти Американскиот геофизички институт, нагласувајќи дека нема опасност од појава на цунами.
Земјотресот е регистриран во 7:19 часот по локално време (12:19 часот по средноевропско време) на 76 километри под површината на Тихиот Океан, со епицентар на околу 120 километри во правец југ-југозапад од пристанишниот град Кокимба.
Чилеанската Служба за вонредни состојби соопшти дека засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.