Најмалку три лица загинаа денеска, а 60-ина се повредени во земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми.
Според градското биро за итни случаи, од 60-те лица префрлени во болница, тројца се тешко повредени.
Земјотресот се случи во округот Лусијан на длабочина од 10 километри.
Според извештајот на кинеската агенција, урнати се неколку куќи, а во тек е спасувачка операција.
Во западна Кина често има земјотреси.
Сечуан беше погоден од земјотрес со јачина од 7,9 степени во мај 2008 година, во кој загинаа речиси 90.000 луѓе.