Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер погоди област во јужниот Пацифик во близина на Нова Каледонија, соопшти американскиот геолошки завод.
Засега, нема податоци за можна материјална штета или повредени лица, јави агенцијата „Ројтерс“.
Не е издадено предупредување за опоасност од цунами. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 14 километри.