Четворица војници се повредени откако турски воен хеликоптер се урна во станбен реон на Истанбул, изјави истанбулскиот гувернер Али Јерликаја.
– Воениот хеликоптер се урна додека се обидувал принудно да слета врз станбен комплекс во квартот Чекмекој, во азискиот дел на Истанбул – напиша Јерликаја на Твитер.
Според него, повредените војници веднаш биле префрлени в болница.