Најмалку 43 мигранти од Западна Африка се удавија крај брегот на Либија, откако се преврте нивниот брод на пат кон Европа.
Десет преживеани мигранти се спасени и безбедно се префрлени од крајбрежната стража во Зуара, потврдија од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).
Агенциите на Обединетите нации повикаа на повторно активирање на државните операции за пребарување и спасување во Средоземното Море и да се спречи за враќањето на мигрантите во „небезбедни пристаништа“. Либија е главната рута за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа.