Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избија низ САД по смртта на неговиот брат.
Тој вели дека Џорџ се залагал за мир, со тоа осудувајќи ги насилните протести.
– Понекогаш и јас разгневувам, се лутам. Но брат ми не беше таков. Многу луѓе за него викаа дека е џин со нежно срце – истакна во изјавата братот на жртвата.
Теренс бара полицаецот да биде обвинет за убиство од прв степен.
Рече дека планира да го посети Минеаполис, поточно местото каде се случил инцидентот.
– Морав да дојдам овде и да им кажам на луѓето да го канализираат својот гнев на друго место – изјави тој.