Додека сенатамериканскиот претседател Доналд Трамп е на Светскиот економски форум во Давос,американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за негов импичмент. Сенатот, кој е под контрола на републиканците, отфрли барања за документи што треба да бидат доставени во процесот од Белата куќа, Стејт департментот, Министерството за одбрана и Канцеларијата за буџет.
Беше одбиено и барањето на демократите да биде повикан да сведочи и Мик Малвани, директорот на канцеларијата за менаџмент и буџет, како и вршител на должност шеф на Кабинет во Белата куќа.
Судењето за импичмент на републиканскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот се одвива во атмосфера на недоразбирања меѓу спротивставените страни околу процедурата на целиот процес. Првата обврска на Сенатот кој го предводат републиканците е изјаснување за временската рамка на судењето што го предложи Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот.
Според предлогот, демократите кои во случајот се обвинители и правниот тим на Трамп имаат по 24 часа во наредните два дена да ги претстават своите видувања. Меконал е за што побрзо завршување на процесот, односно тој најмногу да трае две недели. Адам Шиф, демократ кој е задолжен за обвинението изјави дека републиканците организираат наместен процес во сенатот.
Ова е трет случај во американската историја претседателот на државата да се соочува со можмо отповикување.Претседателот Трамп е обвинет дека извршил притисок врз Украина да ја присили да го испита неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден, и за мешање во Конгресот што го испитува случајот. Трамп негира какво било злосторство и ги обвини демократите дека сакаат да ја оспорат неговата победа на претседателските избори во 2016 година.