Седумнаесет лица загинаа вчера кога маскирани вооружени лица отвориле оган на стражарскиот пункт на границата меѓу Таџикистан и Узбекистан, соопштија денес таџикистанските власти.
Според изјавата на Таџикистанскиот комитет за национална безбедност, 20 напаѓачи убиле граничар и полицаец, а 15 биле убиени во возвратен напад.
Во изјавата не се дадени детали за напаѓачите, пренесува „Ројтерс“.
Во тек е истрага за нападот, кој се случи на 50 километри југозападно од таџикистанскиот главен град Душанбе.