Американскиот Стејт департмент воведе санкции против двајца припадници на органите за безбедност на Русија за наводна тортура и измачување на членови на верската група Јеховини сведоци.
Санкции се воведени против Владимир Јермолаев и Стефан Ткач, припадници на Истражниот комитет на Русија за градот Сургут. Санкциите се воведени поради грубо нарушување на човековите права со тортура, сурово обраќање и измачување на припадници на верската група.
Во соопштението на Стејт департментот се додава дека во Русија во моментот 60-тина Јеховини сведоци се во притвор и чекаат судење. Во февруари годинава Јермолаев и Ткач испрашувале најмалку седум припадници на Јеховините сведоци, при што употребиле електрошокови, задушување и сурово тепање за да изнудат признанија за нивните ќелии и информации за учесниците и нивните предводници.