Две жртви биле застрелани во срцето, односно во главата, додека третата била погодена со стрела во вратот, се наведува во извештајот на полиција, која ги истражува мистериозните убиства во Германија, пренесува Би-би-си.
Трите тела беа пронајдени саботата во хотелска соба во Пасау, во германската покраина Баварија, а покрај нив се наоѓале три современи самострели. Според полицијата, два од самострелите биле користени. Телата на маж и жена биле најдени на креветот, додека телото на втора жена било најдено покрај креветот. Тие биле откриени од собарка. Мистериозниот случај во Пасау се поврзува со смртта на други две жени во северна Германија.
Обивинителите од Пасау се сигурни дека во собата покрај жртвите немало никој друг. Исто така, немало знаци на насилство. Хотелот се наоѓа покрај реката Илз, место што е популарно меѓу планинарите.
Во собата, исто така, биле најдени два тестамента, кои се поврзуваат со жртвите кои лежеле на креветот. Станува збор за 53-годишен маж и 33-годишна жена од рајнската област Пфалц.
Сите жртви биле регистрирани на Интернационалната лига за средновековни турнири која организира средновековни натпревари во Белгија, но од Интернеционалната лига велат дека немаат организирано никаков натпревар во Германија периодов.
Телото на мажот имало две стрели во главата, а три во градите, додека жената покрај него била погодена со стрела во главата и градите. Телото на другата жена покрај креветот било пронајдено со стрела во вратот.
Мистериозниот случај во хотелот со самострелите се поврзува со две други жртви пронајдени во Витинген, 650 километри далеку од Пасау, а полицијата наведува дека една од жртвите во Витинген била партнерка на третата жртва од претходниот случај.
Засега не е познато што е причина за смртта на жртвите во Витинген, но полицијата соопшти дека тие не биле убиени со самострел. Случајот засега останува мистерија.