САД ги укинаа санкциите против двајца турски министри, соопшти денеска американското Министерство за финансии.
САД воведоа санкции за турскиот министер за правда Абдулахит Ѓул и за министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, во август, поради апсењето на американскиот пастор Ендрју Бренсон во Турција.
Бренсон беше ослободен во октомври и се врати во САД.
– Турција исто така ги укина санкциите кон американскиот министер за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен и министерот за правда Џеф Сешнс како реципрочна мерка, соопшти турското Министерство за надворешни работи.