Турција доби рок до крајот на јули да избере дали ќе купи американски воени авиони или рускиот анти-воздушен ракетен систем, пренесува Би-би-си.
Американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан со писмо го испрати ултиматумот до неговиот турски колега, Хулуси Акар. Тој рече дека Турција не може да има и напредни американски „Ф-35“ воени авиони и рускиот „С-400“ ракетен систем.
САД и Турција, кои се сојузници во НАТО, веќе подолго време се во несогласување околку рускиот ракетен систем. Америка вели дека руските системи се некомаптибилни со одбрамбените системи на НАТО и претставуваат безбедносна закана. Дополнително, тие сакаат Турција да го купи американскиот анти-авионски ракетен систем наречен „Патриот“.
Турските власти, кои во изминатиот период имаа се понезависна одбранбена политикја, потпишаа договор за купување на 100 авиони од САД и инвестираа многу пари во оваа програма, додека турски компании произведоа 937 делови за овие авиони, завршуваат од Би-би-си.