Американскиот Сенат одобри на Пентагон да му се дадат 750 милијарди долари за изградба на нова стратешка воена база во Арктикот, со цел да се спротивстави на Русија во регионот, пренесува порталот „Хејс“, цитиран од страна на официјални медиумски сервис на руското Министерство за одбрана „Ѕвезда”.
Арктикот е многу интересна локација за многу земји поради стратешката позиција, огромните количини на руда и минерали, а не треба да се запостави ниту Северниот Леден Океан кој претставува еден од најкратките трговски патишта.
Сепак, проценува порталот, нема да биде лесно да се спротивстават на Русија, бидејќи во моментов во САД има само еден мразокршач во функција, додека Русија има десетици.
Токму затоа Вашингтон потроши околу 750 милијарди долари за развој и изградба на нови мразокршачи, но планот е да се создадат уште два такви брода.
Порталот потсетува дека во мај оваа година, советник на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека е потребно да се завладее Арктикот, со цел да се намали влијанието на Русија и Кина во регионот.
Затоа постои опасност, додава порталот, Арктикот да стане главна причина за нови конфликти во 21 век.