САД официјално ги повлекуваат своите војници од јужнокорејскиот град Сеул по 70 години присуство во тој град.
Командниот центар на САД ќе се повлече подалеку од границата со Северна Кореја, и денеска ќе биде одржана церемонија за отворање нов команден центар, јужно од Сеул.
Американските војници беа стационирани во Сеул од 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна.
Военото присуство на САД во Сеул претставува симбол на сојузништвото на САД и Јужна Кореја, чија цел е да се одврати агресија на Северна Кореја.
Преместувањето првично требаше да биде спроведено во 2008 година, меѓутоа, беше одложено неколку пати.