Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеи“ за уште 90 дена.
Во мај, САД на црната листа ставија пет кинески организации, вклучително и „Хуавеи“, кои според објаснувањето, поретставуваат закана за националната безбедност на земјата. Ваквата мерка има за цел да ги спречи овие компании од пристап до доверлива технологија.
Всушност, истата значи дека американските компании не можат да продаваат хардвер и софтвер на кинеската компанија „Хуавеи“ без одобрение од американските власти.
Ова е второ одложување од 90 дена, откако администрацијата воведе санкции во мај.