САД не се согласија со иницијативата на Г7 на Бразил да му се дадат 20 милиони американски долари како итна помош за борба против пожарите во Амазонија, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Герет Маркиз.
Тие потенцираат дека се подготвени да му помогнат на Бразил да се бори против пожарите, меѓутоа тоа е најдобро да се направи во координација со бразилската влада.
Бразилскиот претседател вчера изјави дека земјите од Јужна Америка ќе одржат состанок во септември на кој ќе разговараат и за зачувувањето и развојот на регионот.