Меѓународните институти „Пју“ и „Левада“ направија две одделни анкети во 18 држави низ светот, каде што испитаниците во тие земји биле запрашани која држава од светот има најголемо влијание во нивната земја, но и во глобалната политика.
Резултатите објавени од анализата говорат дека САД и Кина, по Русија, во моментов се највлијателните земји во светот. Сепак, дел од населението во државите во кои беше спроведено истражувањето вели дека трката околу доминацијата во политиките на глобално ниво е поблиска од очекуваното.
Тоа, впрочем, го покажува и инфографикот.
Поволниот став за Кина во Русија и во Сингапур лесно може да се објасни.
Кина е главен трговски партнер на Русија и во однос на увозот и извозот, со трговска размена од 104 милијарди долари во 2020 година, веднаш до Германија, со 42 милијарди долари, и Холандија, со 29 милијарди долари.
Населението на Сингапур, од друга страна, се состои од приближно три четвртини етнички Кинези, а официјалните дипломатски односи меѓу двете држави напредуваат од раните 1990-ти. Сепак, 51 отсто од испитаниците во суверената островска држава имаа поволен став кон САД.
Ова се должи на нивната улога како посредник во регионот АПАК. На другиот крај од спектарот, јапонските граѓани немаат поволно мислење за Кина, веројатно поради раздорот од историските настани од Втората кинеско-јапонска војна или инвазијата на Јапонија врз Манџурија во 1931 година. Само 10 отсто од испитаниците ја гледаат Кина во добро светло, додека 71 отсто имаат високо мислење за САД.
Иако Кина ја врати својата улога како водечки трговски партнер на САД во 2020 година, откако царините што ги воведе претседателот Трамп за кинеските стоки го попречија увозот, односите меѓу двете суперсили сè уште се лоши.
Во најновиот судир за геополитичка доминација, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан, го нарече воспоставувањето на поморскиот пакт АУКУС меѓу Австралија, Велика Британија и САД враќање кон „менталитетот на Студената војна“ и катализатор на глобалната трка за вооружување.