Министерството за транспорт на САД објави забрана за продажба на авионски билети на релација САД – Белорусија, по инцидентот со присилното слетување на авион на „Рајанер“ и приведувањето на новинарот Роман Протасевич.
Министерството соопшти дека Стејт департментот утврдил дека забраната за патување меѓу САД и Белорусија е во интерес на надворешната политика на Вашингтон, поради присилното слетување на летот на Рајанер, пренесуваат американските гласила.
Беше истакнато дека налогот важи и за трансфер-летовите, што подразбира употреба на услуги на неколку авиокомпании за време на патувањето.
Одлуката не се однесува на товарни превозници како „УПС“ или „Федекс“, кои летаат над територијата на Белорусија.