Русија очекува Венецуела да има потешкотии во исплатата на нивниот долг, изјави рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак откако САД наметнаа санкции на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА, пренесува „Ројтерс“.
Русија е долгогодишен сојузник на Венецуела и делува како заемодавач на средства на Каракас, при што владата и руската нафтена компанија „Рознеф“ и дале на Венецуела заеми во износ од најмалку 17 милијарди долари во периодот од 2006 година до денес.
По наметнатите санкции од страна на САД, настанаа и притисоци за оставка на претседателот Николас Мадуро.
– Најверојатно ќе има проблеми. Сè зависи сега од армијата, од војниците и нивната лојалност кон нивните должности и заклетва. Невозможно е да се даде поинаква проценка – изјави за новинарите Сторчак.