Руските законодавци завчера брзо го одобрија обновувањето на последниот договор со кој се ограничуваат американските воени арсенали. Ваквото експресно дејствување се случи само неколку дена пред истекот на важноста на „Нов СТАРТ“, јави новинската агенција „АП“.
За продолжување на важноста на пактот не е потребно одобрување од американскиот Конгрес, но руските законодавци мора да го одобрат потегот, а претседателот Владимир Путин треба да го потпише за да стапи во сила. Договорот „Нов СТАРТ“ ќе истече на 5 февруари, а откако ја презеде претседателската функција, Џо Бајден даде предлог тој да се продолжи на уште пет години, додека Кремљ веднаш возврати потврдно на барањето. Со договорот, кој беше потпишан во 2010 година од тогашниот американски претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев, секоја држава се ограничува на не повеќе од 1.550 распоредени боеви глави и 700 лансирачи.