Руските власти запленија јапонски брод за лов на ракови и приведе десет членови на екипажот. Бродот е упатен во пристаништето Находка, рускиот Далечен Исток.
Според неименуван претставник на јапонската префектура Шимане, членовите на екипажот на бродот „68 Нишано мару“ ќе бидат испитани во Русија.
Тој додаде дека по дипломатски пат е испратено барање до Русија да ги ослободи морнарите.
Бродот 68 Нишано мару“ на 26 јануари испловил од Шимане за да лови ракови во Јапонско Море, а еден ден подоцна бродот изгубил контакт со пристанишните власти.
Јапонија, Русија, Северна и Јужна Кореја често имаат спорови за правото на риболов, како и поради острови и карпи во морето.
Русија често ги обвинува странските бродови дека ловат ракови во нејзината економска зона.