Најмалку 39 рудари се заробени под земја повеќе од 24 часа во северната канадска провинција Онтарио, објави компанијата што управува со рудникот.
Во тек е спасувачка операција а раководството на рудникот објави дека нема повредени.
Рударите останаа на длабочина меѓу 900 и 1.200 метри поради дефект во лифтот што ги спушти работниците во јамата.
Компанијата соопшти дека се очекува сите да бидат изнесени на површина до вечерва, како и дека рударите имаат пристап до вода, храна и лекови.
„Се надеваме дека сите рудари ќе бидат извлечени од окното до вечерва“, се наведува во соопштението на бразилската рударска компанија „Вале“, и се додава дека никој од рударите не е повреден.
Раководството на рудникот претходно потврди дека несреќата во рудникот за бакар, никел и благородни метали се случила во неделата кога железничкото возило се лизнало од шините и го блокирало тунелот.