Британскиот министер за Брегзит, Доминик Рааб пред британските пратеници изјави дека очекува договор со Европската унија до 21 ноември.
Во писмото од 24 октомври до парламентарната Комисија, Рааб истакнал дека очекува договорот да биде финализиран до 21 ноември. Писмото денеска беше објавено од Комисијата.
Претходно, премиерката Тереза Меј рече дека 95 отсто од договорот е усогласен, но двете страни се уште имаат различни ставови во однос на прашањето за границата меѓу Ирска, која е членка на ЕУ, и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.
Рааб утре заминува за Северна Ирска каде ќе се сретне со претставници на локалните власти и бизнис секторот.